„Сетстет“ и „Фајтинг виндмилс“ на „Скопско лето“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/5/18 7:43 AM

„Сетстет“ и „Фајтинг виндмилс“ на „Скопско лето“

Во Сули ан вечер од 21 часот на „Скопско лето“ концерт ќе имаат бендовите „Сетстет“ и „Фајтинг виндмилс“.Тие ќе го изведат делото „In C”, што заедно го адпатирале, од американскиот композитор Тери Рајли, пионер на современата минималистичка музика кој твори во полистилистичкиот период на 1960-тите години.

Македонската нео џез-група „Сетстет“ (Sethstat) на сцената е повеќе од 30 години и досега има осум албуми.

„Фајтинг виндмилс“ (Fighting Windmills) е скопски состав, формиран во 2007 година, во кој членуваат пет музичари од поновата генерација. Создаваат музика од многу жанровски влијанија, како  пост-рок, пост-панк, слободен џез, амбиентална и современа класична музика.

– Овој заеднички проект е природен спој на две групи со слични уметнички концепции. Преку оваа уникатна интерпретација на „In C“ музичарите ќе се обидат да ги вклопат стилските влијанија кои се одлика на двата состава како џез, панк, пост-рок, електроника, современа класична музика, електро-акустична музика итн., соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје – организатор на „Скопско лето“