Музичката ѕвезда, Тони Цетински се огласи на својот профил на Инстаграм наводно шегувајќи се со корисниците кои го следат, дека кастрацијата е лек против коронавирусот.
Пејачот, кој веќе со месеци јавно ги застапува ставовите против вакцината, сподели фотографија на која им порача на следачите да ги тестираат животните.
https://www.instagram.com/p/CGhVyzrjRAz/?utm_source=ig_embed
„Почнете да ги тестирате и животните. Мојот пес беше позитивен па го кастрирав и сега е негативен. Значи, лекот е кастрација“, напиша Тони на фотографијата, која ја потпиша со реченицата „лекот е пронајден“.
„Ви се восхитувам Тони. И колку Вам Ви се восхитувам, толку ги презирам другите јавни личности кои молчат“, напиша една од неговите пријателки.
„Браво Тони. Премногу ми е страшно кога ќе видам дечиња со маски. Ма сето ова е страшно“, додаде една од обожавателките.
Извор: b92.net