Време: Утре и до сабота сончево и стабилно – ММС
ММС

Објавено на: 10/20/20 6:50 PM

Време: Утре и до сабота сончево и стабилно

Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец прогнозира УХМР за утре. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Максималната температура до 22 степена.

До сабота ќе се задржи претежно сончево и тивко време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст и максималната ќе изнесува до 25-26 степени. Од сабота попладне се очекува зголемување на облачноста, а од недела кон крајот на денот и појава на врнежи од дожд.