Металург вечер во Тулуз ги почнува натпреварите во ракометната Лига на Европа – ММС
ММС

Објавено на: 10/20/20 5:00 PM

Металург вечер во Тулуз ги почнува натпреварите во ракометната Лига на Европа

Со денешните мечеви што се играат во термините од 18.45 и 20.45 часот почнува новата сезона во ракометната Лига на Европа. Во групната фаза се пласираа вкупно 24 екипи, а меѓу нив се и македонските – Металург и Еурофарм Пелистер. Двата тима ќе се обидат да завршат меѓу првите четири во своите групи за да дојдат до пласман во елиминациите.

Металург старува вечер од Франција, каде што во 18.45 игра со Тулуз. Поради полицискиот час таму, натпреварот доби нов термин наместо од 20:45 часот, како што беше најавено првично.

Еурофарм Пелистер денес требаше да ја пречека Татабања, но, како што познато, поради големиот број на заразени ракометари во нејзиниата екипа, дојде до одлажување на дуелот.