Не, не е виц: Елен од 300 килограми му ја украл пушката на ловџија кај Апатин и избегал – ММС
ММС

Објавено на: 10/20/20 3:10 PM

Не, не е виц: Елен од 300 килограми му ја украл пушката на ловџија кај Апатин и избегал

Несекојдневен инцидент се случил во неделата во текот на лов на ситен дивеч кај Апатин, Србија Според зборвите  на ловџиите, додека оделе низ поле со пченка, на нивен колега во полн трк налетал елет тежок околу 300 килограми. Ловецот, со намера да се заштити од големиот елен, пред главата си ја ставил пушката, но во тој момент ременот од пушката се заплеткал во роговите на еленот. Ловецот завршил на земја со лесни повреди, а еленот избегал со пушката меѓу роговите.

„Ловевме фазани. Се’ беше мирно. Еленот изгледа спиел во пченката. Скокна и право тргна на мене. Се’ се случи во делови од секундата. Успеав во тој момент да му ја набијам пушката меѓу роговите, а тој така силно ме турна што одлетав како топче за пинг-понг. Малку фалеше да ме пробие, убие. Главата ми беше меѓу неговите рогови. Сепак добро поминав“, раскажува за „Блиц малерозниот ловџија Д.П.(38).