„Државни патишта“ одат во рацете на ДУИ, досегашниот директор на „Пошти“ ја презема функцијата – ММС
ММС

Објавено на: 10/20/20 2:25 PM

„Државни патишта“ одат во рацете на ДУИ, досегашниот директор на „Пошти“ ја презема функцијата

Јавното претпријатие за државни патишта оди во рацете на ДУИ. Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека досегашниот директор на АД „Македонска пошта“, Ејуп Рустеми, ќе биде нов директор на државни патишта.

Рустеми ќе дојде на местото на Зоран Китанов кој беше кадар на СДСМ.

– Во делот на кадровските одлуки точно е денеска ќе почнат одлуките. Денеска дел ќе бидат донесени а за дел ќе се распишат конкурси. Има дел одлуки со кои ќе се дадат јасни упатства на управни и надзорни одбори поставени од владата за политичко поставување раководни места, рече Заев.