ВИДЕО: Kaубојите загубија од Аризона Кардиналс, телевизорот подлегна на повредите од нервозниот фан – ММС
ММС

Објавено на: 10/20/20 12:05 PM

ВИДЕО: Kaубојите загубија од Аризона Кардиналс, телевизорот подлегна на повредите од нервозниот фан

Сезоната во 2020/21 во НФЛ е во полн ек. Благо фаворизираниот тим на Далас Каубојс вчера го дочека на домашен терен тимот на Аризона Кардинал, но не ја оправда својата улога и загуби со 10:38 на „АТ&Т Stadium“.

Како што и вообичаено се случува во навивачкиот свет, некои фанови помирно ги прифаќаат поразите како составен дел од играта, а некои пак реагираат бурно. Или многу бурно. Или, толку бурно што го демолираат ТВ приемникот и со оружје се пресметуваат со него. Да, добро прочитавте.

Во продолжение погледнете ја реакцијата на фанот на Каубојите и судбината на невиниот телевизор: