Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, истакна дека Федералното биро за истраги (FBI) треба да ги испита обвинувањата за поврзаност на Џо Бајден, претседателскиот кандидат на демократите, со украинската енергетска компанија „Бурисма“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Трамп веднаш по слетувањето во Аризона, каде што пристигна за предизборната кампања, даде изјава за медиумите.
Потсетувајќи на веста во „Њујорк пост“ за е-поштата на Хантер Бајден, синот на Џо Бајден, Трамп нагласи: „ФБИ треба да започне истрага за Бајден на таа тема. Не знам дали сега има истрага, но треба да се истражи. Може да го побарате директорот на ФБИ, Крис Реј и да го прашате. Не требаше да се дозволи Бајден да биде кандидат.“
Истакнувајќи дека по веста во „Њујорк пост“ мејнстрим-медиумите не пишувале за случајот, Трамп рече: „Медиумите не известуваа за ова прашање. Ова не е фер.“
Во веста објавена од „Њујорк пост“ на 14 октомври се тврди дека додека Бајден бил потпретседател, неговиот син Хантер Бајден имал врски со украинската енергетска компанија и извршил притисок врз Украина да го разреши јавниот обвинител што ја истражувал оваа компанија.