Пејачката, Луна Џогани на социјалните мрежи објави дека е во блажена состојба, односно дека ќе се остварат во улогата на родители со нејзиниот свршеник Марко Миљковиќ. Нејзината мајка Анабела и’ честиташе на Инстаграм, па откри и детали за бременоста.
„Драги мои, со голема радост сакам да ве известам дека ќе станам баба на еден прекрасен ангел“, објави кусо таа на социјалната мрежа, по што се огласи повторно.
„Бремена е четири недели. Без врска ми е сега околу тоа да правиме циркус, не сфаќајте ме погрешно. Она што го направив на Инстаграм – го направив тоа за да не морам на сите поединечно да им објаснувам. Прерано е да се прави каков било циркус и да се откриваат детали, а сто пати се јавив на телефон од вчера. На Инстаграм го напишав она што е сосема нормално сега и во овие околности“, изјави Анабела.
„Пресреќна сум и тоа е сосема доволно. Се уште нема отидено ни на ултразвук. Веста веќе е соопштена, таа сакаше така, не сакаше да крие. Ништо специјално не се промени, вчера дознавме, а денес секој си има свои обврски, не сакаме да претеруваме. Знаете и сами дека како и на секој почеток, работите треба да се остават да си одат по својот тек“, додаде мајката на бремената пејачка која победи во реалното шоу Задруга.
Претходно, Луна објави видео на кое се гледа реакцијата на Марко кога дознава дека ќе стане татко.
Инаку, тие двајца се запознаа токму за време на снимањето на шоуто. Таму почна нивната врска, по што и се свршија.