Хаос во Прага поради новите антиковид-мерки: Камења, шишиња, солзавец, пендреци, водени топови, коњаница – ММС
ММС

Објавено на: 10/19/20 7:11 PM

Хаос во Прага поради новите антиковид-мерки: Камења, шишиња, солзавец, пендреци, водени топови, коњаница

Чешката полиција била приморана да употреби слозавец, пендреци, водени топови, па дури вклучила и коњаница, за да растера стотици демонстранти во главниот град Прага, кои ги нападнаа полицајците по протестот поради новите анти-ковид мерки што ги распиша Владата. Според чешки медиуми, во драматичните судири биле повредени најмалку 20 луѓе, пренесува АП.

Протестирале повеќе илјади луѓе, вклучувајќи и фудбалски и хокејашки навивачи, кои биле особено незадоволни од забраната на спортски натпревари и затворањето на барови и ресторани.

Со новите мерки е забрането и собирање на повеќе од шест луѓе, но дозволено е демонстрирање, но до 500 луѓе, ако се раздвоени во групи од по 20 и ако носат заштитни маски. На денешните протести имало значително повеќе од 500 луѓе, главно без маски, а кога организаторите го завршле собирот, многумина демонстрати останале на плоштадот и почнале да маваат по полицијата со шишиња, камења…