Русија денеска регистрира речиси 16 илјади нови случаи на коронавирус, што е најголем број на новозаразени од почетокот на пандемијата.
Рускиот Центар за контрола и превенција од коронавирусот соопштува дека позитивни на коронавирус во последното деноноќие се 15.982 лица. Од почетокот на епидемијата Русија брои над 1,4 милиони заразени, а 24.300 починале.
Во некои руски области властите ги повикаа постарите лица да не излегуваат и да бидат во изолација, а работодавачите да пуштат барем дел од вработените да работат од дома. Во некои региони се затворени ноќните клубови и ограничено е работното време на рестораните и баровите.
Во Москва каде има најголем број на новозаразени, властите препорачале постарите да останат дома а на работодавачите им наредиле 30 отсто од вработените да работат од дома.
Во Русија новата училишна година започна на први септември, а маските и дистанцата не се задолжителни.