Вкупно 309 дечиња во изолација, 55 вработени и 18 деца позитивни од почетокот на работа на градинките – ММС
ММС

Објавено на: 10/19/20 11:10 AM

Вкупно 309 дечиња во изолација, 55 вработени и 18 деца позитивни од почетокот на работа на градинките

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, соопшти дека според последните бројки кои ги реферирале денеска имало 18 позитивни деца и 55 вработени од почетокот на работа на градинките.

– Евидентно е дека бројот последниве две недели ни се зголемува, така да за периодот од девети до 16 имаме дополнителни шест дечиња и 21 вработен позитивни, значи трендот на позитивни е како и целата епидемиолошка состојба во државата. Здравствената состојба на сите позитивни до сега е добра и немаме хоспитализација, освен две од претходно што веќе се завршени. Во моментот имаме 309 деца во изолација и околу 50 вработени, рече Шахпаска која денеска беше во посета на детската градинка „Темјанушка“ во Гази Баба.

Шахпаска истакна дека ситуацијата будно се следи, а одлуки ќе носат заедно со локалните самоуправи и министерството за здравство.