Пазарната инспекција и Министерството за внатрешни работи во заедничка акција синоќа во ресторан во Глумово затекнале околу 300 гости кои присуствувале на свадба, што е спротивно на здравствените протоколи за спречување на ширењето на Ковид-19.
Според првичните информации, акцијата е спроведена пред 21 часот, а свадбата по упадот на полицијата е прекината.
Повеќе детали се најавени во текот на денешниот ден.
МИА