Илјадници луѓе синоќа излегоа низ улиците во чилеанскиот главен град Сантијаго, да ја одбележат годишнината од ланските масовни протести кои траеа два месеци, но и на една недела пред референдумот за уставни измени. Иако протестите започнаа мирно и голем дел од демонстрантите останаа мирни, одредени групи станаа насилни и запалија две цркви.
Absolute chaos in Santiago – the church spire has come down in flames pic.twitter.com/FZHmrVCquy
— John Bartlett (@jwbartlett92) October 18, 2020
Инаку уставот на Чиле е донесен во 1980 година од страна на воената хунта на Аугусто Пиноче и не предвидува државно здравство и образование за граѓаните, што е и барањето на демонстрантите.
Полицијата користеше солзавец за растерување на масата и гумени куршуми.
Според полицијата 18 полицајци биле повредени во неделата, а министерот за внатрешни работи Виктор Перез ги оцени демонстрациие како насилие и рече дека ваквите луѓе не сакаат Чиле да ги реши проблемите преку демократски средства.