По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски кој се сомничи за сторено кривично дело перење пари со кои купиле плацеви на Водно. Тој веќе е изнесен пред судија на претходна постапка.
Од Кривичниот суд информираат дека ќе испратат соопштение по завршувањето на процедурата пред судијата на претходна постапка.
Покрај Груевски и Новачевски, за истото дело Обвинителството ги сомничи и Сашо Мијалков, Јордан Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ. Тие не се приведени, бидејќи за нив веќе постојат мерки на претпазливост.