Врвен приоритет е борбата против криминалот и корупцијата, велат од СДСМ – ММС
ММС

Објавено на: 10/19/20 8:13 AM

Врвен приоритет е борбата против криминалот и корупцијата, велат од СДСМ

Врвен приоритет на СДСМ е борбата против криминалот и корупцијата, институциите се посветени на зголемување на безбедноста на граѓаните, уверуваат од владејачката партија.

Владата предводена од СДСМ и институциите биле посветени на зголемување на безбедноста на граѓаните, на обезбедување ред, правда и дисциплина на сите нивоа, а како доказ за тоа се секојдневните акции на Министерството за внатрешни работи против прекршување на законите, за пронаоѓање лица во бегство од издржување казна затвор, на откривање економски криминал, како и на борба против трговија со дрога и психотропни супстанци.

-Деновиве преку професионална, одлучна акција припандници на МВР спречија влез на 252 мигранти, при што во истата акција сузбиена беше 12 члена организирана криминална група. Во последниот период засилена е контролата на сообраќајни прекршоци, а припадниците на полицијата активно работат и на санкционирање на прекршителите на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот. Врвен приоритет на СДСМ е борбата против криминалот и корупцијата, затоа следува процес на целосно прочистување на судството и уште поголема транспарентност и отвореност на државните инситуции. Градиме држава во која законите важат подеднакво за сите, стои во соопштението на СДСМ.