(видео)Полицијата со тепање ги вади гостите од кафуле – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/20 7:09 PM

(видео)Полицијата со тепање ги вади гостите од кафуле

Вчера нешто после 23 часот, босанската полиција интервенирала во кафулето „Кафе Ланџ Легато“ во селото Ѓурѓевиќ кај Тузла. Но, според видеото кое се рашири низ регионот, се гледа како полициските службеници брутално и со тегнење ги вадат гостите надвор од локалот, затоа што работното време на угостителските објекти е 23 часот. Сопственикот Елвис Шариќ пред јавноста се пожали на нивната реакција, која според него била непотребна и претерана.

– Моето кафуле, кое го водам со брат ми, максимално може да прими 80 гости, а вчера имаше од 20 до 25 луѓе. Околу 23 часот пристигна полициска патрола. Се занимавам и со музика и во својот локал имаме свирки во живо. На видеото јасно се гледа. Гостите од кафулето на сила ги исфрлаат. Немаше потреба за тоа, вели сопственикот и додава дека ќе пријави дел од полицајците затоа што постапувале крајно непрофесионално.

„Полицаецот Рефик Фочиќ ми се закануваше и ми рече дека нема да работам додека тој е во полиција. за другите објекти нема корона, само за мојот има“, вели Шариќ.

https://youtu.be/wdkctQNeg6Y