Достоинствено, како што доликува на голема прослава за 1000 години од постоењето на Бигорскиот манастир. Ваква беше денес прославата на еден милениум од основањето на победникот над времето и вековите. Прославата започна утрото, по пристигнување на претстедателот Стево Пендаровски, кој беше покровител на настанот, а Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, од Епископот Антаниски г. Партениј и традицинална мијачка гарда, беше отслужена Божествена архијерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Архиепископот г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.
Целиот настан се одвиваше во строги протоколи за заштита од Ковид-19. Уште на влез на манастирската порта се мереше температура и се дезинфицираа, сите кои добија покана да учествуваат на овој величествен настан.
Годинава се одбележува уште еден јубилеј, 25 години од замонашувањето на отец Партениј и започнувањето на неговата света мисија.
Фото: Вангел Тануровски