Тригодишно дете од Неготино кое посетувало градинка е меѓу позитивните во денешната статистика на Центарот за јавно здравје Кавадарци. Во изолација се 13 деца, воспитувачка и негувателка.
Од почетокот на пандемијата, денеска во Тиквешијата се бележи рекорден број на нови позитивни, вкупно 20. Во Кавадарци има 15 нови случаи, 3 во Неготино и 2 во Демир Капија.
Меѓу позитивните во Кавадарци има медицинска сестра.
„Сите се со симптоми на вирусот. Само петмина биле во контакт со позитивни, а останатите не знаат како се заразиле“ информира епидемилог д-р Ристе Јовановски.
Непочитувањето на мерките, организирањето на семејни прослави, свадби, крштевки родендени, ги даваат неповолните резултати – велат лекарите.
Ангел Данов