Додека во манастирот се почитуваат сите протоколи за заштита и настаните се следат на четири видео бимови, верниците кои што денеска сами си дојдоа да бидат дел од одбележувањето на историскиот јубилеј на Бигорскиот манастир, 1000 години од неговото постоење, не го почитуваат тоа. Тие еден до друг буквално беа залепени на влезната порта на манастирот и чекаа да заврши официјалниот дел за да влезат.
Немаше никаква дистанца,иако имаше простор за да можат да одржуваат растојание а голем број од верниците не носеа ниту маски.
Полиција не пропушташе возила, освен оние со пропусница, па многу од верниците беа принудени од куќата на Мијаците, сместена непосредно на патот кон Дебар, до манастирот да одат пеш. Просторот е голем, местото пред влезната порта исто така е големо за да можат сите да ги почитуваат препораките. Но, сепак, лугето кои сами си дојдоа одбраа да бидат во толпа, залепени еден до друг пред портите, кој попрв ќе влезе.
Бројките на заразенИ од ковид-19 рапидно се зголемуваат. Вчера беше постигнат нов рекорд со скоро 600 заразени за 24 часа.Денес се регистрирани 428 нови случаи, а починати се 10 лица.
фото-ммс
Ќе биде ли ова уште еден нов кластер, Бигорски, но по желба на верниците?