Педесет и шестгодишна жена била прегазена во кругот на штипската Клиничка болница. Жената се здобила со тешки телесни повреди.
„На 17.10.2020 во 12.25 часот било пријавено дека во кругот на Клиничка болница Штип патничко возило „фолксваген венто“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А.(32) од Штип, удрило во пешакот С.М.(56) од Штип. Во незгодата С.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во истата болница,“информираат од Полицијата.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.