1000 години Бигорски Манастир – 1000 години родољубие, преродба, светост – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/20 9:54 AM

1000 години Бигорски Манастир – 1000 години родољубие, преродба, светост

Во Бигорски денеска е централната манфестација на одбележувањето на Миленумскиот јубилеј. Тука е претседателот Стево Пендаровски, кој е покровител на одбележувањето.Тој беше пречекан од г. Партениј и традицинална мијачка гарда.

foto-mms
По завршетокот на Литургијата, со пригодно слово кон присутните ќе се обрати Архиепископот г. г. Стефан, а после него и покровителот на прославата, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски.

Во тек е  Божествена архијерејска Литургија, со која чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА

Во продолжение, од страна на Митрополитот г. Тимотеј и Епископот г. Партениј ќе бидат доделени ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за благолепието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.

Со синоќешната архијерејска Вечерна богослужба, на која молитвено претстоеше надлежниот архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј, почна одблежувањето на големиот јубилеј 1000- годинишнната од основањето на Бгорскиот манастр.
Пред почетокот на Вечерната богослужба, во храмот на Чесниот Претеча, Слово одржа Епископ Антаниски г. Партениј, во кое меѓу другото рече дека илјадагодишното наследство во коешто се слева текот на богослужбениот и аскетско-исихастичкиот живот, го направиле ова место плодотворна почва за обожение, Едемска градина за духовно наситување и за успокојување, прибежиште на душите изморени и обременети од гревот и светот.