Почна одбечежувањата 1000 години Бигорски манастир.
Станува збор за еден од најстарите манастири во земјата, основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин.
фото-Вангел Тануровски
Посветен е на Свети Јован Крстител, за кој во христијанските списи се вели дека „меѓу родените од жена нема поголем од него“.
Во илјадагодишното постоење манастирот поминал низ различни периоди и епохи, се соочувал со различни предизвици, кои ги носело времето, а денес кога станува збор за Бигорската обител, невозможно е да не се спомене зборот „препород“ – било да се зборува за славното минато на манастирот или да се суди за денешните негови дела, особено во насока на помошта, која ја пружа на социјално загрозени лица, но и оние кои се борат со секаков вид зависности.
фото-Вангел Тануровски
Педесет монаси и монахињи брои денес Бигорската обител и претставува една од најголемите монашки заедници на Балканот. Тие се распределени во четири манастири, од кои Бигорскиот манастир и Манастирот на Свети Великомаченик Георги Победоносец во Рајчица се административно поврзани, а другите се во Манастирот Благовештение на Пресвета Богородица – Пречиста во Кичево и на Свети Свети Великомаченик Георгиј Победоносец во Кнежино, Кичевско и тие се само под духовно раководство на епископот Антаниски г. Партениј, а имаат свое самоуправување.
фото-Вангел Тануровски