Грчките власти открија најголема плантажа за канабис во историјата на земјата – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/18 9:14 AM

Грчките власти открија најголема плантажа за канабис во историјата на земјата

Грчките власти соопштија дека ја откриле најголемата нелегална плантажа со канабис во земјата во градот Кардица, објави „Катимерини“.

Во полициската акција бил уапсен 44-годишен маж, а обвинение е покренато и против негов 24-годишен соучесник.

Полицијата од плантажата искорнала и запленила 10.500 стебла канабис со висина од 0,3 до 1,7 метри.

Извор: МИА