Привремено целосно ќе се пренасочува сообраќајот од обиколните патишта од и кон Радовиш и Струмица, најави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта. Оваа измена е поради интензивирање на работите на делницата Три Чешми – мост на река Брегалница, преку која се поврзува овој дел од експресниот пат Штип – Радовиш.
Китанов најави дека овој дел, што сега интензивно се гради, се очекува да биде готов за три до четири месеци.

Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш, со должина од 40,41 километар и вредност од преку 42 милиони евра, се реализира во две фази. Градежните работи се одвиваат со силен интензитет и се очекува екпспресниот пат да биде завршен и пред предвидениот рок. Изградбата на првата делница, од Штип до Бучим е во завршна фаза, поголемиот дел е веќе асфалтиран, осветлувањето е поставено и во моментов се монтираат еластичните огради. На втората делница, од Три Чешми до Радовиш, во тек се подготовки за поставување на коловозната конструкција. Се очекува за три до четири месеци експресниот пат да биде пуштен во употреба.