(видео)Тортевски: Текстилна работничка треба да работи сто години за да ги добие парите на фризерницата – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/20 1:27 PM

(видео)Тортевски: Текстилна работничка треба да работи сто години за да ги добие парите на фризерницата

Адвокатот Александар Тортевски во емисијата „Стадион“ на Канал 77 негираше дека има личен интерес, одосно одбиен проект во Националната агенција за образовни можности и мобилност, поради што бара одговорност од директорката Лидија Димова, ниту пак води хајка против неа. Појасни дека до него се обратиле клиенти, кои побарале иснтитуциите да го истражат доделувањето на проектите, што е доставено до нив.

-Јас како граѓанин, како човек којшто од 16 години почнал да патува по светот за да заработи пари, морам да признаам дека по дифолт имам аверзија кон луѓе коишто заради политички ангажман, поради фалење на одредена полиитчка опција доаѓаат во ситуација да располагаат со огромни државни средства. Тогаш се забораваат, почнуваат да влегуваат во други филмови, тогаш имаат потреба да купат скапи автомобили, тогаш имаат потреба на свои луѓе, пријатели да им дадат пари што во нормален живот не можат да се заработат, кажа Тортевски.