Експертите препорачуваат користење средства за дезинфекција кога сте на јавни места, а не сте во можност да ги измиете рацете со сапун. Овие средства може да ви помогнат да ги елиминирате бактериите, но постојат и некои работи кои би требало да ги избегнувате кога користите средство за дезинфекција.
Нема сомнеж дека тие се практичен и корисен ресурс во спречување на ширењето заразни блести. Меѓутоа, тие не се лек за се’. Постојат бројни ограничувања во нивната употреба, така што потрошувачите мора да бидат свесни за тоа како да ги користат на правилен начин – предупредува епидемиологот К.Ц. Рондело.
Ова се едни од најчестите грешки:
Користите погрешен вид дезинфекциски средства
Не сите средства се еднакви. Епидемиологот Рондело препорачува да се употребуваат средства со најмалку 60 проценти етил алкохол бидејќи така подобро се отстрануваат бактериите. Освен тоа, треба да ја прочитате етикетата на производот за да утврдите дали неговите состојки може да убијат бактерија или вирус.
Користењето производ кој е само бактерициден може да ви даде лажно чувств на сигурност, со оглед на тоа дека не овозможува заштита од патогени бактерии – додава епидемиологот. Избегнувајте ги производите кои користат метанол, кој може да биде токсичен доколку се апсорбира преку кожата – советува докторката Македа Робинсон, која е вирусолог.
Дезинфекциското средство не го користите доволно долго
Се препорачува рацете да ги миете со сапун барем дваесет секунди, но истото важи и за нанесувањето дезинфекциско средство. Со него треба да ги триете дланките дваесет до триесет секунди.
Користите премалку средство
Ако користите премалку средство за дезинфекција, рацете нема да ви бидат доволно чисти. Епидемиолозите сметаат дека треба да истиснете четвртина од производот доколку се работи за мала амбалажа. Ако пак, е во прашање производ во поголемо пакување (како оние што се оставени на влезот на маркетите) би било доволно и само еднаш да го притиснете распркувачот.
Не го нанесувате средството на целите дланки
Кој било дел на кој не е нанесено средството, може да ги содржи честичките на вирусот. Значи, дури и ако сте допреле нешто со само еден прст, секогаш треба да ги дезинфицирате целите дланки за да бидете сигурни, што значи дека средството треба да го нанесете и на прстите, но и на ноктите.
Не ги дезинфицирате рацете пред да јадете
Што се однесува до дезинфекцијата на рацете, многу е важно колку често го правите тоа. Ако рацете ви се во близина на устата, поради вашата сопствена сигурност, добро е претходно да ги дезинфицирате.
Бидете внимателни доколку имате свеќи во близина
Ако користите средство за дезинфекција секогаш имајте на ум дека тоа е производ на база на алкохол и е лесно запалив. По употребата на средството, почекајте неколку минути за да може рацете добро да се исушат. Откако ќе нанесете средство, немојте веднаш да користите запалка за цигара.
Не чекате производот да се исуши
Важно е да не ги бришете рацете пред да се исуши средството. Доколку по нанесувањето ги избришете со крпа, ќе го ограничите влијанието на средството бидејќи на овој начин ќе го отстраните пред тоа да има време да делува.
Претерувате со производот
Доколку користите премногу средство за дезинфекција, тоа нема да го намали влијанието на ваквиот производ, но сепак кожата на рацете би можела да ви испука.
Средствата не ги убиваат само лошите бактерии, туку и добрите. Доколку евентуално ви се иритира кожата, променете го производот.
Не ги дезинфицирате предметите што често ги користите
Се препорачува средството за дезинфекција да го нанесете на сите предмети кои често ги носите со себе. Пред се, тука се вбројуваат кредитните картички, клучевите и телефонот.
Не го проверувате рокот на траење
Можеби се чини едноставно, но проверувањето на рокот на траење е исклучително важно бидејќи активните состојки во средството со тек на време се разградуваат.
Доколку одлучите да употребите средство на кое му е истечен рокот, знајте дека веројатно нема да може да делува на ист начин, како што делувало кога било произведено.
Извор: hr.n1info.com