Научниците пронајдoа нов лек, кој имитирајќи вирус, му помага на имунолошкиот систем да уништува тумори. Лекот познат под името ВО-112 всушност ја „имитира“ структурата на еден вид генетски материјал кој се наоѓа во некои вируси. Вирусите ја вбризгуваат својата РНК во клетките во текот на инфекцијата, но клетките може да ја забележат оваа вирусна РНК со помош на специфични рецептори. Со ова, тие го повикуваат имунолошкиoт систем да интервенира кога ќе нападнат вирусите.
Лекот ВО-112 ја користи предноста на ваквиот одбранбен механизам на клетките, односно самиот лек го предупредува имунолошкиот систем за евентуалното присуство на некаков вид карцином. За да се сокријат од имунолошкиот систем, малигните клетки неретко се „маскираат“ така што ги сопираат сигналите што би можеле да го предупредат телото за нивната локација, но кога еден човек се лечи со ВО-112 туморите даваат сигнали кои имунолошкиот систем може да ги забележи.
Лекот е веќе тестиран на глувци, но и на неколку десетина луѓе. Со него би можеле да се зголемат ефектите на веќе постоечките третмани со кои се лечи карциномот – објаснил професорот Ануша Калбаси од Универзитетот во Калифорнија и член на UCLA Jonsson Comprehensive Cancer Center.
Со други зборови, лекот ја открива локацијата на туморот и со самото тоа веќе познатите третмани би можеле полесно да целат кон клетките кои го сочинуваат.
„Милам дека силата на ВО-112 е во неговата способност да им овозможи на имунотерапиите да се зголеми нивната корист“, додал професорот.
Студијата во која е опишана оваа тема е објавена во списанието Science Translational Medicine. Во документот се посочува дека во рамките на клиничкото испитување 44 лица го земале овој лек со и без додатни третмани, за дa може истражувачите да почнат да анализираат колку е тој безбеден и ефикасен кај луѓето. Раните резултати наговестуваат дека ВO-112 може да ги уништи туморите што реагираат на имунотерапијата, но истражувачкиот тим сепак треба да ги потврди тие резултати на поголема група испитаници.
Извор: vijesti.me