Хрватскиот генетичар, Мирослав Радман даде своја прогноза за тоа што ќе се случува со коронавирусот во наредниот период. Радман е член на Научниот совет во Владата на Хрватска и тој го коментираше коронавирусот односно смртноста од овој вирус. Исто така, овој научник даде и свои предвидувања за тоа како би можел вирусот да се развива понатаму.
„Многу малку може да се предвиди со оглед на ширењето. Сепак, најважниот податок е последицата од заразата. Повеќето од луѓето се асимптоматски и смртноста се намалува со текот на времето, така што не треба да се паничи. Би било добро да се знае зошто смртноста опаѓа. Не опаѓа само бидејќи се заразуваат и млади луѓе, туку сега интересна е опсервацијата дека смртноста е во опаѓање во споредба со февруари и март“, смета Радман. Како генетичар, тој даде и свое мислење за тоа што би можело понатаму да се случува со вирусот, потенцирајќи дека тој ќе изумре.
„И научниците кога немаат податоци не можат да бидат целосно функционали. Јас како генетичар предвидувам дека вирусот ќе изумре со акумулација на мутации, на своите сопствени грешки во копирањето, бидејќи вирусите кои имаат РНА, а не ДНА, мутираат 100.000 повеќе“, додаде научникот.
Извор: mondo.rs