Групата од 12 деца која беше во изолација денеска се врати во централниот објект на градинката „Астибо” во Штип. Директорката на градинката „Астибо”, Билјана Трајчевска вели дека во изолација заминале откако кај воспитувачка беше потврден позитивен тест на коронавирусот.
-Од денес дечињата се вратени во градинка, поминат е периодот на изолација, други проблеми немаме. Функционираме нормално, вели Трајчевска.
Во рамките на овој објект во градинката „Астибо” функционира и сензорната соба, во којашто со децата работи и дефектолог. Потреба за неа минатата година имале 20 деца од општините Штип и Карбинци, инаку денеска ја посетија и Министерот за локална сампоуправа Горан Милевски и в.д градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со група на новинари, кои се во обиколка на проектите во источниот регион, a финансирани од Швајцарската агенција за обнова и развој.