Чуварот на мрежата на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски, главна тема на „муабет“ е помеѓу ракометната јавност во изминатите 24 часа.
Во победата на неговиот Порто над Пик Сегед, Митревски навистина брилијираше. И покажа уште еднаш дека не е „голман по калап“ и дека многу често ракометните стативи може да ги замени со оние фудбалските.
Португалците го поразија Сегед со 25:19, благодарение на Митревски и неговото „летање“ по теренот. Поранешниот голман на Еурофарм Пелистер забележа 15 одбрани, односно 46,8 отсто ефикасност и дури еднаш асистираше за погодок.
Од петнаесетте одбрани, еднаш влезе во очите на сите љубители на ракометот, а за неа и ЕХФ не штедеше зборови.
-За неговата извонредна партија, а да не ја споменеме и одбраната за која зборува секој, играч на натпреварот е никој друг, туку Никола Митревски, стоеше на официјалниот „Твитер“ профил на ЕХФ.
Пантерската неверојатна одбрана на Митревски, погледнете ја во продолжение:
👌O nosso MVP na vitória sobre o Pick Szeged
⭐Nikola Mitrevski#FCPorto #FCPortoAndebol #Andebol #FCPortoSports #EHFCL pic.twitter.com/s2UHwkUHLr
— FC Porto (@FCPorto) October 16, 2020