Видео: Нучив да готвам тавче-гравче, Хрватската амбасадорка во земјава, Нивес Тигањ во Канал 77 – ММС
ММС

Објавено на: 10/16/20 2:14 PM

Видео: Нучив да готвам тавче-гравче, Хрватската амбасадорка во земјава, Нивес Тигањ во Канал 77

Хрватската амбасадорка во земјава, Нивес Тигањ беше во посета на Мултимедијалниот центар Канал 77 во Штип. Во Радио Канал 77 даде и кратко интервју.

Во интервјуто зборува за нејзините согледувања за состојбите во земјата, за последниот извештај за напредокот на Р.Северна  Македонија, за хрватската заедница во земјава, за македонската култура ,традиција и храна.

Поради состојбата со пандемијата, вели дека не била во можност многу да патува низ Македонија, да ја почуствува  одблиску културата, традицијата , но сепак  од тоа што успеала да го види и почуствува смета дека имаме прекрасна природа , потенцијал за  здрав живот, добри ресторани, дека сме весел народ. Вели дека веќе подготвувала  тавче-гравче и е во дилема зошто не може да го долови прекрасниот вкус на салатите , како во македонските ресторани.