Независно од корона кризата, не смееме да потфрлиме во заштитата на работниците и нивните права. Исклучително е важно институциите да бидат отворени за граѓанските иницијативи кои се залагаат за работничките права. Потребна е соработка меѓу државата, бизнисот и граѓанскиот сектор, но и дебата за носење решенија кои не смеат да бидат на шетата на работникот, порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на 4. Текстилијада што се одржува во Штип.
Според Пендаровски, во време на пандемија, предизвиците со кои се соочува економијата се уште по изразени. Затоа е клучно да се отвораат прашањата и да се бараат решенија, посебно во сегментот на работничките права и нивната заштита.
-Пандемијата го донесе огромниот предизвик со кој се соочија сите сфери, но за жал ги продлабочи и постојните нееднаквости во различните области на различни нивоа кои се присутни недозволено долго време, особено во индустриите како текстилната и кожарската кои бележат значителен пад на бројот на отпуштени работници. Кризата веќе има големи последици врз економијата, не може да се предвиди колку ќе трае, но важно е да продолжат заложбите и барањата за отчетност на институциите, рече шефот на државата.
Заменик-градоначалникот на Штип, Јане Миланов, нагласи дека дијалогот е незаменлива алатка, особено во време на криза. Тоа го покажала пракса низ годините, но и за да се носат квалитетни реенија мора да се функционира здружено и да има дијалог меѓу работниците, работодавачите и власта.
-Само задоволниот работник е продуктивен работник. Во екот на кризат на поврШина излезе вредНоста на човечкиот капитал кој е незаменлива алка во производниот процес. Само поволНа бизнис клима може да привлече и да задржи инвеститори кои ќе отворат работни места. Оттука произлегува улогата на социјалниот дијалог како основна алатка преку која сите засегнати страни ќе дадат придонес за интересот на целата заедница. Мора да се слушне гласот на работникот – може само да се добие и да се добие квалитетно решение, истакна Миланов.
Во воведниот дел на дебатата „Работнички прабва за време на корона”, уште еднаш беше нагласено дека КОВИД-19 најмногу ги погоди работниците во нископлатените и трудоинтензивните дејности.
-Ако минатата Текстилијада мислевме дека сме направиле чекори напред во борбта за унапредување на работничките права, оваа криза, за жал, ни покажа дека живееме и работиме во систем кој е отворен онолку колку и најранливите и најласбите во него. Работиме во систем во кој се плашиме да се разболиме. Короната не е вирус на еднакви можности, најмногу ги погдои работничките и рабониците во нископлатените и трудоинтензивните дејности. Менаџерите брзо ги префрлија своите обврски и работни состаноци на „зум”, а работничката класа – текстилците, таксистите, шанкери, угостителите,…, секојдневно ги губат своите работни места, изложувајќи се притоа на многу поголема опасност од зараза, но свесно преземаат ризик само за да не го изгубат единствениот извор на месечен доход, неше речено во воведот.
МИА