ВИДЕО: Мурињо даваше изјава, фудбалерите на Тотенхем играа кошарка со нога – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/20 7:53 PM

ВИДЕО: Мурињо даваше изјава, фудбалерите на Тотенхем играа кошарка со нога

Во пресрет на петтото коло од Премиер Лигата, тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, даваше кратко интервју за „Sky Sports“, а во позадина неговите играчи се забавуваа на малку невообичаен начин.

Засилувањето од Волвс, Мет Доерти, со нога го шутираше баскетот и постигна кош на импровизираното кошаркарско игралиште на тренинг комплексот на екипата од северен Лондон.

Бејл и останатите му се придружија на Доерти во славјето, додека Мурињо немаше идеја што се случува позади неговиот грб.