Ентони Дејвис ќе продолжи со шампионот – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/20 6:52 PM

Ентони Дејвис ќе продолжи со шампионот

Центарот на Лос Анџелес Лејкерс и шампион во НБА за сезоната 2019/20, Ентони Дејвис, планира повторно да потпише со освојувачите од Калифорнија.

Дејвис влегува во последната година од договорот со Лејкерси кој му носи 28.7 милиони долари предвидени за следната сезона, но дефанзивецот на годината во НБА ќе го „откаже“ актуелниот договор и како слободен агент повторно ќе стави потпис на договор со „езерџиите“, пренесува новинарот на „Тhe Athletic NBA“, Шемс Караниа.

Пред пет дена Дејвис за првпат во својата кариера со Лејкерси предводени од Леброн Џејмс, освои шампионски прстен победувајќи го Мајами Хит со 4:2 во финалната серија.