Затворен штипскиот Центар за аутизам поради позитивен тест на медицинска сестра – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/20 4:32 PM

Затворен штипскиот Центар за аутизам поради позитивен тест на медицинска сестра

Центарот за аутизам во штипската населба Пребег е затворен откако е потврден позитиев тест кај медицинската сестра, вработена во овој центар, потврди за МИА директорката на Центарот за социјални работи-Штип, Златка Иванова.

-Минатата недела вработената добила симптоми, по што веднаш е тестирана, а од превентивни причини во изолација се ставени трите деца, кои го посетуваа Центарот за аутизам, вели Иванова.

Таа додаде дека и во Центарот за интелектуална и телесна попреченост во Штипско Ново Село потврден е позитивен случај кај корисник, минатата недела позитивен беше резултатот на медицинското лице, кое е вработено и во овој центар. Здравствената состојба на остантите корисници и вработени се следи и се во изолација.

 

МИА