Време: Денес претпладне сончево, од попладне и вечер – дожд – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/20 6:06 AM

Време: Денес претпладне сончево, од попладне и вечер – дожд

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови (локално над 30 л/м2). Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура до 25 степени.

Врнежите, според прогнозата на УХМР, ќе продолжат и утре претпладне. кога локално ќе бидат проследени со појава на грмежи. Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури.