Нелегално казино во Тетово пред отворање – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/18 2:10 PM

Нелегално казино во Тетово пред отворање

Од Движењето против коцкање денеска на прес конференција обвинија дека казиното лоцирано на булеварот „Илинденска“ во Тетово продолжува да се опремува, и покрај што овој објект ги нема потребните документи за работа, а Управниот суд донел забрана за отворање.

Од Движењето против  коцкање ги повикуваат надлежните институции да ги спречат незаконските дејства во врска со отворањето на казиното. И да не ги преземат соодветните мерки, нашето движење  ќе најде начини и нема да дозволи да се отвори нелегалното казино, лоцирано во близина на две средни училиште и два универзитети.

Движењето уште еднаш апелираше до пратениците да не го гласаат предлог законот кој предвидува објектите кои приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 300 метри од институциите. Оттаму до Собранието доставиле амандмани преку кои бараат во урбаните средини, воопшто да нема коцкарници или спортски обложувалници.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи рече дека општината ги нема надлежностите за затворање на овој објект, но во соработка со други институции, ќе преземат чекори да се спроведе законот како за оваа, така и за другите коцкарници во градот.