Жално е кога смртта не разделува од пријателите – Пулмологот Нешковски почина во сообраќајка – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/20 9:16 PM

Жално е кога смртта не разделува од пријателите – Пулмологот Нешковски почина во сообраќајка

 

Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево, откако претходно со автомобилот удри прво во друго возило, а потоа и во дрво на улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје.

По сообраќајната несреќа, тој со Брза помош беше пренесен на Ургентен центар, но докторите не успеале да му го спасат животот.

https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2520118058295212

Нешковски доживеал срцев удар по што изгубил контрола врз автомобилот.  Трајче Нешковски, ја раководеше Ковид-единицата во детската болница „Козле“.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10159105073102932

Гостиварчани се во шок од прераната смрт на докторот, за кој велат дека помогнал на секому, кому му требало помош.

Нешковски бил член на СДСМ, од каде попладнево изразија сочуство.

Фото: Фејсбук