Џеред Дадли: Лудо беше тоа да се види како Пол Џорџ ја погодуваше таблата од задната страна – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/20 7:59 PM

Џеред Дадли: Лудо беше тоа да се види како Пол Џорџ ја погодуваше таблата од задната страна

Искусниот центар на шампионот во НБА, Џеред Дадли, кој рака на срце сезонава служеше повеќе како аниматор на клупата на Лејкерси отколку што добиваше минути на паркетот, признава дека во финалето на Западот очекувал средба со соседите од Лос Анџелес.

Тој вели дека целиот тим на Лејкерс се подготвувал за голема борба со Лос Анџелес Клиперс и момците на Док Риверс предводени од Кавај Ленард, но крајниот исход бил изненадувачки за сите.

-Ни на сон не помислив дека ќе загубат. Нашите мисли беа насочени кон нив, ги посакувавме во финалето и сакавме да ги победиме. Лудо беше тоа да се види како Пол Џорџ ја погодуваше таблата од кошот од задната страна. Кавај сигурно не бил задоволен, изјави некогашниот кошаркар на Бруклин Нетс.

Лос Анџелес Лејкерс во финалето за сезоната 2019/20 го порази Мајами Хит со 4:2 и ја освои својата 17-та титула во историјата.