Бенрахма сепак на крајот ќе заврши во Вест Хем – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/20 6:16 PM

Бенрахма сепак на крајот ќе заврши во Вест Хем

Иако летниот трансфер период за најголемиот дел од фудбалскиот свет е завршен, премиерлигашите имаат прилика да купуваат и продаваат играчи во пониските лиги. Веројатно најдобриот поединец во Чемпионшип, крилниот напаѓач на Брентфорд, Саид Бенрахма, од едниот крај на Лондон ќе се пресели на другиот.

Доколку персоналните услови ги договорат Вест Хем и Алжирецот, тој во следните 24 часа ќе помине на медицински преглед и ќе стави потпис на петгодишен договор со „чеканите“.

Екипата на Дејвид Мојс минатата седмица постигна првичен договор со играчот, но сумата за исплаќање претставуваше пречка за ангажирање на алжирскиот репрезентавиец и трансферот пропадна. Сега, неколку денови пред истекот на трансфер периодот помеѓу Англичаните, се чини дека двете страни се усогласиле и Вест Хем ќе треба на малиот лондонски клуб да му исплати околу 30 милиони фунти.

Бенрахма минатата сезона за Брентфорд постигна 17 голови и играше во финалето од плејофот за промоција во Премиер Лига против Фулам