Она што требаше да биде дерби на третото коло во Сериа А помеѓу Јувентус и Наполи, на крајот сепак доби завршница на „зелена маса“.
Неаполците на четврти октомври не допатуваа во Торино за да го одиграат натпреварот против Јувентус, според нив поради ситуацијата со Ковид-19 во нивниот клуб и наводната забрана на локалните власти за напуштање на градот.
Тимот на Андреа Пирло истрча на теренот, гостите не се појавија и оттогаш до денес италијанската фудбалска федерација немаше донесено одлука по повод невообичаениот настан.
Официјално денес, Јувентус службено го добива дербито со резултат 3:0, a на Наполи дополнително му е одземен бод од актуелните на контото, со оглед на тоа дека тимот од југот на Италија прекршил јасен Ковид-19 протокол.
Неаполците најавуваат жалба до федерацијата за оваа контроверзна одлука.