Мијалков позитивен на коронавирус – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/20 4:57 PM

Мијалков позитивен на коронавирус

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е позитивен на коронавирус, објави „А1 Он“.

Поради тоа што тој развил симптоми на коронавирус, денешното судење за предметот „Таргет-Тврдина“ беше преместено за во петок.

Позитивна на коронавирус била и неговата сопруга, примабелерината Александра Мијалкова, со што и двајцата ќе бидат во изолација.