И Албанија воведе задолжително носење маски на отворено – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/20 3:31 PM

И Албанија воведе задолжително носење маски на отворено

Носење заштитна маска на отворен простор од утре станува задолжително и во Албанија, а за непочитување на мерката се предвидени парични казни од 25 евра. Секој повторен прекршок би изнесувал 40 евра.

Маската е задолжителна за сите освен за децата до 11 години и оние на кои маската им штети врз здравјето, но за тоа треба да имаат медицинска документација. Од мерката се изземени и лицата кои се движат со велосипед, лицата кои тренираат или пливаат и лицата од исто семејство кои се возат во автомобил.

Бројките во Албанија се во постојан пораст. Вчера беа регистрирани 182 позитивни случаи, што е највисока бројка на новозаразени од почетокот на епидемијата.