Мајами и Далас можни дестинации за Јанис – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/20 2:35 PM

Мајами и Далас можни дестинации за Јанис

Центарот на Милвоки Бакс, Јанис Антетокумбо, би можел во 2021 година да ја промени средината, а како можни негови дестинации се споменуваат Далас Маверикс и Мајами Хит.

Доколку Гркот следната сезона остане слободен агент, според новинарот на „ЕSPN“, Брајан Вајндхорст, НБА финалистите од пред десеттина години ќе водат нова битка, овојпат надвор од теренот и за потписот на еден од најдобрите кошаркари во светот.

-Далас Маверикс ќе бидат на готовс во случај Јанис да не потпише нов договор со Милвоки. Тие сакаат да имаат трета ѕвезда. Поради тоа не очекувам оваа година да ангажираат преголеми ѕвезди и агенти, оставаат простор за грчкиот центар, изјави Вајндхорст.

За интересот од Мајами, новинарот го поврзува тоа што Бем Адебајо и Јанис Антетокумпо имаат ист агент и дека тоа би можело да биде многу значајно за понатамошниот развој на настаните.

Мајами Хит во сезоната 2019/20 играа НБА финале и беа поразени од Лос Анџелес Лејкерс со 4:2.