Кремљ соопшти дека нема да го толерира неприфатливиот начин на кој ЕУ се однесува со Москва во врска со случајот за наводното труење на рускиот опозиционер Алексеј Навални. Во соопштението се наведува дека Кремљ не може да одржува дијалог со ЕУ ако исклучиво има напори само од страна на Москва.
Министрите за надворешни работи на ЕУ на 12 октомври го поддржаа планот на Франција и Германија за воведување санкции за руските државјани кои се осомничени дека учествувале во инцидентот во кој како што рече рускиот опозиционер е отруен со нервниот агенс „новичок“ бидејќи властите го гледале како закана за престојните парламентарни избори.
Кремљ ваквите информации категорично ги отфрли. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија би можела да го замрзне дијалогот со ЕУ бидејќи Брисел не го разбира она што тој го нарече „потреба за дијалог со меѓусебно почитување“.
Коментарот на рускиот министер го поддржа и портпаролот на Кремљ Димитар Песков, кој рече дека Москва не е таа која го прекинува дијалогот со ЕУ, но дека очиглено не може да го толерира начинот на кој Брисел ја третира Русија во врска со случајот на Навални.