Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека имаат како што рече многу јасна стратегија за менаџирање на болничките капацитети и дека сите пациенти со коронавирус во периодот кој следи, ќе можат да ги изменаџираат со третман во јавното здравство.
– Следна во која што ќе се третираат пациенти е модуларната болница на Инфективна клиника со 72 кревети. Потоа е болницата во Козле, таму никогаш не беа хоспитализирани повеќе од пет деца, се надевам тоа ќе остане така а ги гледаме и светските искуства. Во однос на приватните болници тие уште на почетокот на кризата можат да хоспитализираат заболени од ковид само доколку за време на лекувањето на пациенти кои редовно ги лекуваат им се констатира присуство на коронавирусот, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање, на денешното отварање на компанијата за одгледување канабис за медицински цели, „НЈСК Холдинг“.
Филипче уверува дека имаат конкретен план не само за скопските одделенија, туку и за инфективните одделенија ширум државата.
– Жал ми е што каснеше заради блокада на законот, конечно вчера помина и ќе почне со реализација проектот на Светска банка, но и без тие модуларни одделенија 16 кои значајно ќе ја олеснеа работата, сепак имаме план, рече министерот.