Антиковид-спрејовите се најнов тренд во борбата против коронавирусот, особено што до вакцина ќе се чека уште. Од шведскиот, преку италијанскиот, до австралискиот спреј, финансиран со седум милиони евра. Но, дали и како функционираат?
Се работи за спрејови што се прскаат во грлото и се слични со тие што се користат во случај на настанка и кои влегуваат во суплементите, а не во вистинските лекови.
Без оглед на тоа, ефикасни се, тврдат од италијанската компанија „Ебтна лаб“, која го произведува „Ендовир стоп“, орален спреј на база на полифенол од маслинки и циклодестрин, по цена од три евра, кој е во состојба да го намали ризикот од вирални инфекции. Истакнуваат дека спрејот го инхибира Сарс-Ков2 и сличните вируси што влегуваат во организмот на слиен начин. Спрејот имал локален ефект и не можел да спречи зараза преку очите и носот, а потребно е да се користи по јадење и миење заби. Ефектот на спрејот траел се’ додека тој што го користи не земе храна или испие течнст.
Сепак, повеќето вирусолози и други експерти се скептични и истакнуваат оти податоците со кои засега се располага не дозволуваат да се изведуваат заклучоци за нивната сигурност и ефикасност.