Светска банка одобри фонд од 12 милијарди долари за вакцината за Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/20 10:30 AM

Светска банка одобри фонд од 12 милијарди долари за вакцината за Ковид-19

Светската банка соопшти дека со фонд од 12 милијарди долари има за цел да го поддржи вакцинирањето против вирусот Ковид-19 на околу една милијарда луѓе, пренесува „Анадолија“.

Во соопштението од Светската банка се наведува дека граѓаните од земјите во развој треба да имаат пристап до безбедни и ефективни вакцини за Ковид-19 и дека со пакетот за финансирање на земјите во развој ќе им се обезбеди финансирање и техничка поддршка за да се подготват за имплементација на вакцините за Ковид-19 во координација со меѓународните партнери.

„Пристапот до безбедни и ефективни вакцини и подобрените системи за испорака се клучни за промена на текот на пандемијата“, рече претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас.