Заев и Филипче денес на отворање фабрика за одгледување канабис за медицински цели во Ќојлија – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/20 7:18 AM

Заев и Филипче денес на отворање фабрика за одгледување канабис за медицински цели во Ќојлија

Нова современа фабрика за одгледување канабис за медицински цели и за финални медицински производи на база на канабиноиди денеска ќе биде отворена во општината Петровец, во индустриската зона Ќојлија.

Се работи за гринфилд инвестиција на компанијата „NYSK Holdings”. Производите на новата фабрика ќе се пласираат на странските и на домашниот пазар.

На отворањето на фабриката, како што е најавено, ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, полскиот амбасадор во земјава Војчех Тичињски и Златко Кесковски, извршен директор на PHCANN и NYSK Holdingс.

Предвидена е и посета на фабриката во строго определени услови, согласно здравствените протоколи.